(Фото) Росана „се стопи“ покрај Ное

Пејачката Росана Сариќ -Тодоровска објави фотографија од својот внук Ное, кој пред неколку дена наполни три месеци. Росана, која конечно реши да ѝ се врати на музиката, не крие колку е среќна со внукот. „Душа на баба и дедо, сонце наше најмило“, пишува Росана.

Нејзините пријатели, пак, ѝ пишуваат дека малиот Ное ја „растопил“ пејачката, откако Росана ја објави фотогрфијата.

Ќерката на Росана, Ивана, лани се омажи со долгогодишниот дечко Џејмс, а во јули се породи со синот Ное. Ова е првото внуче на Росана и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче.

Текстот (Фото) Росана „се стопи“ покрај Ное е превземен од Reporter.mk.