(Фото) Сара Џесика Паркер воодушевена од „Медена земја“: „Со вас ја запознав Република Македонија“

Холивудската ѕвезда Сара Џесика Паркер се пофали дека го гледала македонскиот документарен филм „Медена земја“ во кино во Њујорк и дека се заљубила во приказната за Атиџе Муратова. Таа не го крие своето воодушевување од филмот, па на социјалните мрежи објави слика од „Медена земја“, ги пофали авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и им се заблагодари што ја однеле на патување во Македонија. Во пораката, популарната Кери од „Сексот и градот“ вели дека филмот треба да добие Оскар.

„Неверојатно, визуелно одзема здив, интимна, а сепак епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена што никогаш нема да ја заборавам. Има причина зошто овој документарен филм ги собра сите награди. Честитки за авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни дозволивте да патуваме со вас во малата земја Република Македонија, со вас ќе патувам секаде. Филмот во моментов се прикажува во ‘Квад синема’ во Њујорк, погледнете го, а јас верувам дека ќе биде меѓу номинираните за Оскар“, напиша меѓу другото познатата глумица.

За потсетување, документарниот филм „Медена земја“ освои десетина награди на престижни фестивали во светот. Тој е првиот македонски документарен филм кој е предложен за Оскар. Филмот „Медена земја“ во моментов игра во кината низ Македонија.

Текстот (Фото) Сара Џесика Паркер воодушевена од „Медена земја“: „Со вас ја запознав Република Македонија“ е превземен од Reporter.mk.