(Фото) Саша Ковачевиќ стана мажествен со новиот имиџ

Популарниот српски пејач, Саша Ковачевиќ, по теркот на светските ѕврезди, целосно го смени имиџот. Тој ја осветли косата со бланш, а на социјалните мрежи напиша: „Малку сиво… што мислите?“. Фановите на Ковачевиќ имаа поделени мислења за неговиот нов стил. Некои го бендисаа, му порачаа дека е „секси фраер“ и дека никогаш не бил помажествен, а други не беа воодушевени од промената. „Брате што си направил?“, „Ова како да не си ти“, се само дел од коментарите од обожавателите.

Инаку, пејачот кој пролетта одржа голем концерт во Скопје, во интервјуто за „Репортер“ рече дека заради професијата, секогаш внимава на својот изглед, особено кога е во јавност. Тој тогаш ни откри и дека имиџот го менува најчесто кога снима спотови, зависно од тоа какво е сценариото, а додаде и дека девојките во спотовите не ги бира тој, туку екипата што работи со него.

Текстот (Фото) Саша Ковачевиќ стана мажествен со новиот имиџ е превземен од Reporter.mk.