(Фото) Се омажи ракометарката Ива Стојковска, се пофали дека премиерот ѝ бил на свадба

Поранешната ракометарка Ива Стојковска, викендов се омажи за струмичанецот Даниел Пројковски. Таа се пофали дека на свадбата ѝ дошол премиерот Зоран Заев, па објави селфи-фотографија со него. Свадбата на Ива и Даниел се одржа во познат ресторан во Струмица.

За потсетување, Ива е поранешна ракометарка на „Еуростандард Ѓорче Петров“, „Кометал Ѓорче Петров“ и „Вардар“, а играше и за косовскиот клуб „Кастриоти“. Таа кратко настапуваше и за репрезентацијата на Македонија.

Текстот (Фото) Се омажи ракометарката Ива Стојковска, се пофали дека премиерот ѝ бил на свадба е превземен од Reporter.mk.