(Фото) Се смирија Ферги и Џош Думел

Холивудскиот глумец Џош Думел деновиве е сликан како се прегрнува со поранешната сопруга, пејачката Ферги. По ова светските медиуми напишаа дека двојката се смирила две години по разводот. Џош и Ферги се разведоа по осум години брак, од кој го имаат синот Аксел.

Во времето кога се разведуваа медиумите пишуваа дека Ферги сакала да ѝ се посвети на кариерата, а дека Џош сакал уште едно дете. По разводот Џош беше во врска со мексиканската актерка Елса Гонзалес.

Засега ни Ферги ни Џош не потврдуваат дека се смириле.

Текстот (Фото) Се смирија Ферги и Џош Думел е превземен од Reporter.mk.