(Фото) Се сврши голманот Игор Алексовски

Со балони на кои пишува „ќе се омажиш ли за мене“ и маичка со порака „Сакаш ли да бидеш најсреќна жена на свет“, голманот на „Шкупи“, Игор Алексовски, ја побара за жена својата долгогодишна девојка Тијана Николовска. 24-годишниот голман сподели неколку слики од запросувањето и од свршеничкиот прстен.

Игор и Тијана се во врска седум години и често на социјалните мрежи споделуваат заеднички слики од нивните патувања и од приватниот живот.

Игор од неодамна е голман и во македонската фудбалска репрезентација, но во моментов закрепнува од повреда на ногата. Претходно бранеше за репрезентацијата на Македонија до 21 година на Европското првенство што се одржа во Полска во 2017 година. Кариерата ја почна во „Македонија Ѓорече Петров“, во 2012 година, а од 2016 до 2018 бранеше за „Вардар“. Лани потпиша договор за „Шкупи“.

Текстот (Фото) Се сврши голманот Игор Алексовски е превземен од Reporter.mk.