(Фото) Семејна идила на Јохан и Соња

Фолк-пејачката Соња Тарчуловска сподели фотографија на која е со сопругот Јохан и нивните три деца. Семејството се пофали дека ужива во зедничка прошетка со трите деца, Мелани, Младен и Јоана.

Пејачката изминативе години постојано беше во центарот на вниманието на јавноста. Прво сопругот ѝ беше во затворот во Хаг, потоа се пишуваше за нереќниот случај кога таа падна од тераса во населбата Кисела Вода. Неодамна беше објавено дека семејството на Јохан Тарчуловски месечно примало по 5 000 евра додека тој беше во Хаг, а Јохан е еден од обвинетите за упадот во собранието на 27 април минатата година.