(Фото) Шон Пен има девојка стара колку неговите деца

Славниот глумец е на хавајски остров, Оахо, со својата девојка Лејла Џорџ, каде слави роденден. Актерот денс полни 58 години, а медиумите пишуваат за неговата врска со 32 години помладата актерка, која е на возраст колку и неговите деца. Парот е сликан на плажа на островот Оахо, пишува Сан.

Иако заедно се веќе две години, ретко кога ги има во јавност. Лејла Џорџ, како и Шон Пен, заљубена е во глумата, што ја наследила од своите родители, актерот Винсент Д’Онорфи и актерката Грета Скаки кои се во исти години како и нејиниот дечко. Лејла е првата девојка со која славниот актер е поврзан откако пред три години раскина со актерката Шарлиз Терон. Пред тоа беше во брак со пејачката Мадона, со која и денес е во добри односи, како и со актерката Робин Врајт со која турбулентниот брак го заокружи во 2010. година по 14 години.

Текстот (Фото) Шон Пен има девојка стара колку неговите деца е превземен од Reporter.mk.