(Фото) Синот на Меган Фокс обожава да носи фустани

Холивудската актерка Меган Фокс (33) уште во септември лани открила дека нејзиниот седумгодишен син Ноа Шенон Грин понекогаш носи фустани на училиште поради што останатите деца го задеваат.

“Тој дизајнира, црта модни комбинации и е многу талентиран, а има само 6 години. Ја обожава модата, понекогаш се облекува во фустани и обожава да ги носи, но само понекогаш. Го запишавме во многу либерално училиште, но дури и тука во Калифорнија има момчиња кои го задеваат и му велат дека не треба да носи фустани или розова боја“, објаснила тогаш Меган во една емисија.

Една од најсексапилните холивудски актерки има три сина со 46-годишниот сопруг Брајан Остин Грин, а често истакнува дека сите тројца ги воспитува да имаат голема самодоверба и сами да го изберат животниот пат.

Фокс вели дека своите синови ги воспитува многу либерално и ги поттикнува да бидат она што се, без оглед на коментарите од околината.

Папараците неодамна го фотографирале Ноа како со неговиот татко пристигнува на еден детски роденден во Калифорнија, а малечкиот носел фустан во стил на принцезата Елса.

Многумина коментирале дека толкава самодоверба за момче во оваа фаза од животот е импресивно, додека други имале негативни коментари.

Текстот (Фото) Синот на Меган Фокс обожава да носи фустани е превземен од Reporter.mk.