(Фото) Столе се фати за гребло и го исчисти „Вардариште“

Со ракавици, заштитна маска и гребло во рацете, капитенот на „Вардар“, Столе Стоилов, се приклучи во акцијата на волонтерската група #НеБидиЃубре и помогна да се исчисти сметот околу дивата депонија Вардариште. Со него беше и неговиот брат Стефан.

Волонтерската акција веќе неколку месеци ја предводи актерката Ирена Ристиќ. Таа ја започна кампањата #НеБидиЃубре која станува се популарна, а голем број луѓе секоја недела помагаат да се исчисти ѓубрето во и околу Скопје. Членовите на оваа група досега исчистија неколку диви депонии во и околу главниот град.

По секоја акција, Ирена Ристиќ објавува слики на социјалните мрежи, и открива како изгледало место пред но и откако ќе го исчистат.

Текстот (Фото) Столе се фати за гребло и го исчисти „Вардариште“ е превземен од Reporter.mk.