(Фото) Сузе на семејна идила во Крушево

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева заедно со ќерката Лора и зетот Филип, замина на планина. Со нив е и помалта ќерка на Сузана, Матеа. Тие објавија слика дека се во Крушево и дека таму ги минуваат празниците. Турунџиева наскоро ќе стане баба, оти нејзината ќерка Лора е бремена, и годинава треба да се породи.

Веста дека Лора ќе се мажи, Сузана, ја сподели на Фејсбук, велејќи дека конечно „зад себе ја остава тагата, која никогаш не и даде можност предходно да се подготви“, мислејќи на загубата на нејзиниот сопруг Маријан, а предходно и на смртта на нејзниот брат Панде. “Од сега нека биде само среќа“, напиша тогаш Турунџеива.

Текстот (Фото) Сузе на семејна идила во Крушево е превземен од Reporter.mk.