(Фото) Тамара и Хана го запознаа кралот Џулијан

Тамара Тодевска заедно со нејзината ќерка Хана, беа во посета на Зоолошката градина во Скопје, каде го запознаа кралот Џулијан.

Пејачката сподели фотогирафии на својот Инстаграм профил, од посетата на зоолошката.

Ваквата посета беше во рамки на кампањата за подобра грижа на животните. Одговорните во зоолошката апелираат за поголема свесност кај граѓаните, да не им даваат храна од раце на животните, затоа што истата би можела штетно да влијае на нивното здравје. Исто така апелираат и да не се фрлаат отпадоци директно во живеалиштата, затоа што на тој начин го загрозуваат животот на животните.

 

Текстот (Фото) Тамара и Хана го запознаа кралот Џулијан е превземен од Reporter.mk.