(Фото) Теа во секси фустан без градник го промовира новиот албум

Облечена во фустан без градник со длабок шлиц, поп-пејачката Теа Трајковска вчеравечер го промовираше својот прв албум „Тоа сум јас“. Албумот има десет песни, неколку нови и некои веќе познати на публиката. Таа истовремено го промовираше видеото за песната „Кога најдобро те познавам“. Пејачката насмеана и возбудена, им се заблагодари на сите што ѝ помогнале да го сними албумот, но најмногу на своите родители.

„Мамо, тато, ви благодарам што не ме убедувавте да бидам нешто друго кога ви кажав дека ќе бидам пејачка. Сакам да се заблагодарам и на сите што работеа на мојот прв албум. Возбудена сум многу, уште не сум свесна дека ова конечно се случува. Да создаваме многу нова македонска музика“, рече Теа.

На синоќешната промоција на Теа дојдоа многу нејзини пријатели, колеги музичари и новинари. Меѓу нив беше и композиторот Лазар Цветкоски, кој е аранжер и текстописц на сите песни од албумот.

„Ако треба да ја опишам Теа во три збора ќе кажам дека е единствена, скромна и талентирана. Има нешто свое, нешто посебно по што се одвојува и поради тоа знам дека ќе успее во тоа што го прави“, рече Лазар на промоцијата.

(Љ.В.)

Лазар Цветкоски, продуцент на албумот

Мина Блажев, Лина Пејовска, Николина Славковска и Антониа Гиговска

Теа Трајковска

Текстот (Фото) Теа во секси фустан без градник го промовира новиот албум е превземен од Reporter.mk.