(Фото) Теута падна по историја: Ја реконструиравме Бориски Дрич

Теута Арифи, градоначалничката на Тетово, се пофали дека улиците на градот се реконструираат и во време на корона. Таа на Фејсбук објави слики од „фантастичната реконструкција на улицата Бориски Дрич, која е при крај“, а најави и дека ќе продолжат со инвестиции секаде кај што има потреба. Но, згрешеното име на југословенскиот револуционер од Втората светска војна, Борис Кидрич, предизвика потсмев на социјалните мрежи. Твитерџиите велат: „Џонтра Волта, Шонко Нери и Бориски Дрич, тие се“.

Текстот (Фото) Теута падна по историја: Ја реконструиравме Бориски Дрич е превземен од Reporter.mk.