(Фото) Тони Зен го покажа синот

Хип-хоп музичарот Тони Зен, кој пред два месеца стана татко, објави први слики од синот Јасен. Музичарот, кој речиси никогаш не зборувал за својот приватен живот во јавноста, неодамна се ожени со Валентина Јованова, а веста за свадбата и раѓањето на синот долго време ја држеше во тајност.

„Бидејќи четвртоците во ‘Станица’ станаа многу популарни, дојде телевизиска екипа да снимиме интервју, не само со мене, туку со уште двајца диџеи. Новинарката ме праша дали сум заљубен, па ѝ одговорив дека сум заљубен, дека се оженив и дека имам син“, раскажа неодамна Зен за „Репортер“.

Тој тогаш ни откри и дека го завршил снимањето на новиот албум, дека албумот е веќе е готов и дека ќе го промовира кон крајот на мај.

Фото: Инстаграм

Текстот (Фото) Тони Зен го покажа синот е превземен од Reporter.mk.