(Фото) Владо ја замени Дунавка со Вера

Поп-пејачот Владо Јаневски деновиве го снима спотот за својата најнова песна, „Откако си негова“. Главната улога во видеото ја има моделот Вера Мештеровиќ, првата Мис на Македонија. Неколку слики од снимањето на спотот објави режисерот Дарио Јанковиќ и се пожали дека заради дождот морале да прекинат со снимање, па направат пауза.

„Владо ја замени Дунавка со Вера“, прокоментираа на социјалните мрежи. Манекенката Дунавка Трифуновска веќе неколку месеци е во врска со популарниот пејач. Таа се појави во неговиот претходен спот, „Главен град на тагата“, а набрзо по промоцијата за „Репортер“ откри дека се во врска со Владо и рече дека тој е совршен љубовник.

 

Владо, пак, во моментов се подготвува за концертот на 16 март во арената „Борис Трајковски“, со кој ќе одбележи 25 години кариера. Организатор на концертот е „Прагма продукција.“

Владо Јаневски е совршен љубовник, Дунавка ексклузивно за врската со пејачот

 

Текстот (Фото) Владо ја замени Дунавка со Вера е превземен од Reporter.mk.