(Фото) Внуката на Одри Хепберн убава на баба си

Ема Катлин Хепберн Ферер е внука на актерката и модна икона Одри Хепберн. 24-годишната девојка се занимава со мода, а првиот моден едиторијал го сними 2014 година, за магазинот Harpers Bazar. Модните дизајнери ја споредуваат со нејзината славна баба и често ја ангажираат за своите сликања и снимања. Освен што се занимава со моделинг, Ема завршила и уметничка академија и е талентирана сликарка.

Со години ги избегнувала социјалните мрежи и се обидувала нејзиното потекло да не ѝ влијае на изборите во животот.

Таа никогаш не ја запознала славната баба, оти родила една година по нејзината смрт. Неодамна, за еден британски медиум изјавила дека Одри никогаш не ја доживувала како славна актерка и икона на стилот, туку како дел од семејството.

Ема освен што е убава како својата баба, ја следи и нејзината животна цел. Таа се залага за еманципација и еднаквост на мажите и жените ширум светот и е амбасадор е на организациите УНХЦР и УНИЦЕФ.