(Фото) Жанмари со задник од милион долари

Хрватската пејачка Жанмари Перчиќ летово го користи до максимум уживајќи во едно од хрватските крајбрежја.

Пејачката сака да го искористи одморот до максимум, пред престојните есенски ангажмани. Перчиќ на „инстаграм“ објави фотографија која ја направи нејзиниот сопруг, Марио Перчиќ.

Пејачката е позната по тоа што редовно се фали на социјалните мрежи со својата совршена линија и форма, а на последната нејзина објава напиша дека е во потрага по смислата за живот и дека летото за неа сеуште не е готово.

„Најдобриот задник во Хрватска. Блазе си му на сопругот. Изгледаш како милион долари и подобро“, се само дел од коментарите кои Жанмари ги доби под фотографијата.

Ниту нејзиниот сопруг не остана рамнодушен. Марио воодушевен од формата на неговата сопруга, беше заинтересиран колку килограми крева во теретана.

Двајцата се венчаа во 2014 година, а заедно ја имаат ќеркичката Габриела.

 

Текстот (Фото) Жанмари со задник од милион долари е превземен од Reporter.mk.