Фотографите со разголената Северина се фотомонтажа

Адвокатите на хрватската пејачка Северина тврдат дека фотографиите се фотомонтажа. По четири дена откако првпат фотографиите излегоа во јавност, адвокатите на популарната пејачка излегоа со соопштение. „Споменатите фотографии не се веродостојни, односно тие се плод на фотомонтажа“, тврди адвокат на Северина.

Како што пишуваат хрватските медиуми, откако се појавија овие фотографии, Северина сè уште ништо не кажа освен што вчера на „Инстаграм“ објави заедничка фотографија со нејзината мајка Ана и синот Александар.

По 14 години од скандалот со порнофилмот, Северина повторно е актуелна на интернет со сличен проблем.

Бизнисменот Милан Поповиќ, со кого Северина го има синот Александар, исто така, објави дека е загрижен поради појавувањето на овие фотографии бидејќи смета дека ова лошо ќе влијание на нивното дете, особено во училиште.

Текстот Фотографите со разголената Северина се фотомонтажа е превземен од Reporter.mk.