Французинка го обвини Полански дека ја силувал

Французинката Валентин Моније го обвини режисерот Роман Полански дека ја силувал кога таа имала 18 години, пренесува весникот „Паризиен“. Обвинувањата на сметка на славниот режисер стигнаа неколку дена пред прикажувањето на неговиот нов филм.

„Не бевме во врска. Ниту лично сакав да бидам со него, ниту професионално да работа. Го познавав како јавна личност“, изјавила Моније која по професија е фотографка, а во минатото работела и како модел во Њујорк. Моније имала и глумено во неколку филмови во осумдесетите години.

Таа вели дека не сака да го тужи Полански за сексуално злоставување, но сака јавно да зборува поради прикажувањето на филмот „An Officer and a Spy“ (J’Accuse), во кој се зборува за непочитување на правдата и аферата Драјфус.

Таа тврди дека Полански ја силувал кога таа имала само 18 години. Вели дека се работело за исклучително насилен напад. Адвокатот на Полански, Ерв Темим категорично ги отфрлил ваквите обвинувања.

Полански признал дека имал сексуален однос со малолетничка во 1977 година по што бил осуден на 90 дена затвор.  По 42 дена тој бил ослободен. Кога дознал дека судијата има намера да му одреди повеќегодишна затворска казна, избегал од САД во Франција. Од тогаш повеќе жени го обвинија за сексуално злоупотребување.

Текстот Французинка го обвини Полански дека ја силувал е превземен од Reporter.mk.