Фреди Меркјури и Монсерат Кабаје дует за сите времиња

Шпанската оперска певица Монсерат Кабаје почина вчера во Барселона на 85 години. Ја нарекуваа Ла Суперба. Кабаје со децении владееше со светот на операта зардаи извонредната техника и магичната аура, со која ја освојуваше публиката.

Сепак, во поп културата обезбеди статус на бесмртност откако со  пејачот на „Квин“, Фреди Меркјури, ги споија операта и рокот и ја оптеаа познатата „Барселона“.

Фреди раскажал дека бил фасциниран од гласот на Кабаје, кога првпат ја слушнал како пее во операта на Верди, „Бал под маските“, во Кралската оперска куќа во Лондон во 1983 година.

„Кога ја слушнал Монсерат, Фреди целосно заборавил дека на сцената е неговиот идол Лучано Павароти и оттогаш сонуваше да пее со неа“, открива Питер Фристоун во биографската книга за Меркјури.

Фреди и Монсерат првпат настапија заедно во октомври 1988 година

Четири години подоцна, се случи дует од соништата, кога градските власти на Барселона го поканија Меркјури да ја напише химната на Летните олимписки игри во 1992 година и да ја отпее заедно со Кабаје. Од оваа соработка произлезе и нивното големо пријателство.  Таа била една од ретките на кои Фреди им се доверил дека има СИДА.

„За светот на операта, тоа беше револуција, вистинска револуција. Кога го слушнав како импровизира на пијано, сфатив дека е комплетен музичар“, се присетила Кабаје во документарен филм од 2003 година.

Првиот заеднички настап го имаа во октомври 1988, но за жал, не стигнаа да ја отворат Олимпијадата со песната „Барселона“. Тешко болен од СИДА, Меркјури почина осум месеци порано од пневмонија, па нивниот дует мораше да биде пуштен на големиот екран на церемонијата на отворањето. Кабаје ја отпеа песната во живо пред финалето на Лигата на шампионите во 1999 година.

Текстот Фреди Меркјури и Монсерат Кабаје дует за сите времиња е превземен од Reporter.mk.