Фронтменот на „Ред хот чили пеперс“ исфрлен од натпревар на Лејкерс

Фронтменот на рок-бендот „Ред хот чили пеперс“, Ентони Кидис, кој е страстен навивач на Л.А. Лејкерс, беше исфрлен од салата на натпреварот меѓу „Лејкерс“ и Хјустон Рокетс откако влегол во теренот и почнал вербален конфликт со гостинските играчи.
Најпрво дојде до тепачка на теренот меѓу кошаркарите на „Лејкерс“ и „Рокетс“, при што Крис Пол од гостинскиот тим и домашните играчи Раџон Ронд и Брендон Инграм беа исклучени од игра.
Додека Пол го напушташе теренот, Кидис стана од своето место во публиката, влезе на терен и почна да го навредува кошаркарот, а на крај на гостите од Тексас им покажа среден прст.
Обезбедувањето веднаш реагираше и го исфрли од салата.
Кидис го гледаше натпреварот со колегата од бендот, басистот Фли, кој остана да гледа до крај. „Лејкерси“ изгубија од „Рокетси“.

Текстот Фронтменот на „Ред хот чили пеперс“ исфрлен од натпревар на Лејкерс е превземен од Reporter.mk.