(Галерија) 69-годишниот Ричард Гир прв пат фотографиран со бебето

Холивудскиот актер ги поминува летните денови во Италија со 6-месечното синче Александар.

Гир изгледа среќно и исполнето додека се релаксира со малото бебенце и се фотографира со свои блиски.

Ова е прво дете на Гир со 35-годишната Алехандра Силва. Парот започна да се состанува во 2014 година, а стапи во брак во април минатата година. И двајцата имаат по еден син од претходните бракови.

 

Ричард го искористи патувањето во Италија и за добри цели. Тој им однесе храна и неопходни производи на мигранти на хуманитарен брод во Средоземно Море. Вкупно 121 бегалец од Либија веќе една недела престојува на бродот на кој му беше забранет влез на пристаништа во Италија и Малта. Гир упати порака до владите во Европа да ги отворат рацете за бегалците и да им овозможат да започнат нов живот.

Текстот (Галерија) 69-годишниот Ричард Гир прв пат фотографиран со бебето е превземен од Reporter.mk.