(Галерија) Аделина направи забава за бебето пред породувањето

Пејачката Аделина Тахири за неколку дена ќе стане мајка. Таа вчера во еден скопски ресторан, во стилот на американските „бејби шауер“, кога подароци се носат пред да се роди детето, направи голема забава и со своите пријатели славеше дека наскоро ќе стане мајка. За гостите имаше дрес код и сите беа облечени во бело, а Аделина носеше долг фустан со пердуви и циркони, кој ја следеше линијата на телото.

Аделина пред неколку месеци откри дека ќе роди момче, а на забавата, пред гостите откри дека синот ќе се вика Јон. Неговото име беше испишано на тортите, колачите и на декорациите во ресторанот.

Ова е прво дете на пејачката, која минатиот декември омажи за адвокатот Серјожа Марков. Двојката се венча во матично, а Аделина тогаш носеше црвен фустан со кој го привлече вниманието на јавноста. Иако планираа да направат свадбена прослава во април, свадбата ја одложија за следната година, откога дознаа дека Аделина е бремена. Серјожа веќе има две деца, од првиот брак.

Фото: Prive.al

Текстот (Галерија) Аделина направи забава за бебето пред породувањето е превземен од Reporter.mk.