(Галерија) Бадник за Нора, паричката кај Аделина: Божикните празници кај познатите

Поранешната водителка Нора Шаќири и сопругот Марко Марковиќ го славеа Бадник во домот на нејзината свекрва. Паричката му се падна на Марко, сопругот на Нора. „Бериќетна година за Марко“, рече таа за „Репортер“. Нора секоја година ги слави и православните и муслиманските празници во нејзиниот дом.

Бадник се славеше и во домот на пејачката Аделина Тахири, која е во брак со адвокатот Серјожа Марков. Таа се пофали дека паричката овојпат се паднала кај неа.

Слики од празничните трпези и паричките објавија и многу други јавни личности. Паричката им се падна на Јоце Панов и Тамара Тодевска, Наташа Малинкова на „Инстаграм“ откри дека меси зелник со праз, а празничната трпеза ја покажаа и фудбалерот Дарко Глишиќ, Стефан и Мартин од „Некст Тајм“, пејачот Филип Пешевски и водителката Милена Антовска.

Фото: Инстаграм/Фејсбук

Нора со сопругот Марко

Аделина Тахири

Во домот на фудбалерот Дарко Глишиќ

Кај водителката Милена Антовска

Празничната трпеза на Некст тајм

Тамара Тодевска ја доби паричката во нивниот дом

Јоце Панов

Пејачката Наташа Малинкова покажа како меси пита со праз

Кај пејачот Филип Пешевски

Текстот (Галерија) Бадник за Нора, паричката кај Аделина: Божикните празници кај познатите е превземен од Reporter.mk.