(Галерија) Баталете претседателски кампањи, Саша Ковачевиќ крева температура на илјадници жени

Српската ѕвезда Саша Коваќевиќ ги фрли во романтика дамите во Скопје уште кога се појави на сцената. Публиката го пречека со ѕвездено небо од мобилните својот миленик кој уште кога се појави на сцената најави луда журка.

Цела ВИП Арена е на нозе. врие од емоции, се пее до бесвест. Дамите врескаат и мрдаат со колковите на забавните песни. Саша не пее сам. Ефорија, илјадници жени уживаат со него, вљубение разменуваат бакнежи, друштвата наздравуваат со пиво.

Телефоните не престануваат да светкаат, а српскиот пејач пее од срце и сњ заблагодарува на македонски. Овде се исплетени многу емоции и многу музика.

Загравање беа Балкан Бенд, организатори се Прагма продукција.

Текст и фото: Редакција Репортер

Текстот (Галерија) Баталете претседателски кампањи, Саша Ковачевиќ крева температура на илјадници жени е превземен од Reporter.mk.