(Галерија) Џенифер Лопез на SAG наградите се појави со накит од девет милиони долари

Џенифер Лопез на синоќешното доделување на наградите SАG (Screen Actors Guild) наградите во Лос Анџелес, се појави во црн фустан и накит вреден девет милиони долари.

Глумицата и пејачка беше номинирана за улогата во филмот „Хастлерс“, а беше придржувана од нејзиниот партнер, поранешната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез.

Накитот кој го носеше е дизајниран од Хари Винстон, а покрај ѓерданот Лопез носеше и дијамантска нараквица и прстен. Модните критичари имаа позитивни коментари, пишуваат медиумите.

Тие го пофалија и нејзиниот изглед. На Лопез косата и беше врзана во пунџа, оставајќи два прамени, а изгледот го комплетираше со неутрална шминка.

Џеј Ло беше номинирана за најдобра споредна улога во филмот „Хастлерс“, а наградата на крајот заврши во рацете на Лори Дерн.

Текстот (Галерија) Џенифер Лопез на SAG наградите се појави со накит од девет милиони долари е превземен од Reporter.mk.