(Галерија) Џин, вино, секси журка – Спенџарска славеше роденден

Водителката Јелена Спенџарска славеше роденден. Расположена и среќна, таа сподели фотографии од роденденската журка која беше во едно скопско кафуле. Балони, пијалак, журка….водителката уживаше во роденденската забава.

„Никогаш не сум била подобро е одговор кој го давам на секој еден кој ќе ме праша како сум последната година. И мислам дека тоа кажува сè. Ви благодарам од срце на сите за вашите преубави роденденски желби, на сите дупло да ви се враќа“, напиша Јелена.

View this post on Instagram

Денеска не го славам само својот роденден туку и фактот што се сакам себеси повеќе од било кога! И тоа е мојот подарок!!! Ми требаше многу време да сфатам дека убавината не е само дали ми е средена косата, колку ми е мазна кожата и време да сфатам дека љубовта, во секоја форма, доаѓа кога се сакаш баш онаков каков што си. Сфатив дека си убав тогаш кога ти зрачи душата и кога секојдневно се бориш да бидеш подобар човек. Се гледам во огледало и го САКАМ она што го гледам. И внатре и од надвор.А верувајте ми, не си ги сакав ама ич колковите и белегот на левата веѓа, на ногата, постојано си наоѓав милион недостатоци. Но, една жена е убава затоа што е единствена, посебна, ранлива и знае да го покаже тоа, убава е кога ќе побара помош затоа што не може повеќе сама, кога ќе признае дека не се секогаш мажите виновни за се, убава е кога прави што и душата сака се додека не повредува некој друг со тоа. Можеби сега зборувам како old lady 😂 но еден ден ќе бидам и тоа. Сакам и ќе дадам се од себе максимално да уживам во стареењето 🤗! Среќен роденден на мене но и на сите вас. Денес сакајте се повеќе. И утре. И секој ден понатаму, ок? Ви благодарам до небото и назад за сите роденденски желби, дупло да ве стигнат сите убавини. Благодарам и на моите најсакани пријатели кои ми ја подготвија најдобрата роденденска забава ever 🤘 Навистина,ама навистина НИКОГАШ НЕ МИ БИЛО ПОУБАВО 🙏 ———————————————– #me #birthday #birthdaygirl #party #celebration #weekend #aboutlastnight #friends #ootn #dress

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska) on

 

Текстот (Галерија) Џин, вино, секси журка – Спенџарска славеше роденден е превземен од Reporter.mk.