(Галерија) Емили Ратајковски на плажа во Грција

Моделот Емили Ратајковски летува во Грција. Папараците ја сликаа 27-годишната девојка на Миконос во друштво на пријателка додека се капе во морето и како ужива на плажата. Тие и претходно направија неколку фотографии од Ратајковски додека се шета низ островот, а се крие со голем шешир и очила за сонце.

Емили стана популарна во 2013 година кога се појави во спотот Blurred Lines на Робин Тики. Пред неколку месеци се омажи за Себастијан Бир-Маклерд по само неколку недели врска.