(Галерија) Фризерка од Прилеп направи портрет од коса со ликот на Венко Филипче

Познатата фризерка од Прилеп, Светлана Зуљамоска-Гроздановска, во време на пандемијата на коронавирусот, од коса го изработи ликот на министерот за здравство, Венко Филипче.

„На човекот кој во овие тешки денови за сите нас е дежурен херој, му направив потрет од коса и му благодарам од срце“, напиша Светлана, а сликите ги објави на својот „Фејсбук“.

Таа одамна прави интересни портерети од коса од познатите личности кај нас, но и од светските ѕвезди. Светлана веќе направи портрети со ликот на Тоше Проески, медената Атиџе, Кире Лазаров, Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо и многу други.

За „Репортер“ таа неодамна изјави дека портретите од коса ги прави навечер, кога ќе си отидат муштериите, а дека ги собира наутро, пред да дојде привиот муштерија во дуќанот.

Текстот (Галерија) Фризерка од Прилеп направи портрет од коса со ликот на Венко Филипче е превземен од Reporter.mk.