(Галерија) Хрватска под хипноза, чекаат финале

Цела Хрватска е во еуфорија, сите како да се хипнотизирани пред финалето на Мунијалот, што хрватската резентација го игра против Франција. Дуќаните во целата земја затворија во 16 часот, кафулињата се преполни, од автомобилите се веат знамиња, а сите се со дресови на хрватската репрезентација, и Хрватите, ама и странците.

На плоштадот во Загреб е вистинско лудило, на големи бимови ќе се гледа финалето. Подеднакво забавно е и на Рабац, Истра, каде што е „Репортер“ и каде се направени овие фотографии.