(Галерија) Иги Поп се расоблече за новата кампања на „Гучи“

Светскиот музичар Иги Поп е едно од заштитните лица на новата кампања на модниот бренд „Гучи“. Тој се расоблече за сликањето на модниот едиторијал и доби комплименти дека иако има 72 години, изгледа одлично на фотографиите. Поп е само еден од многуте познати личности што се појавија во кампањата на Алесандро Микеле,ComeAsYouAre_RSVP, а во која ја претстави колекцијата за следната година. Во кампањата се вклучени и Сиена Милер и Гучи Мејн.

„’Гучи’ забавата е постојана, затоа што претставува состојба на умот: Сè е можно, граници не постојат, сите доаѓаат и си одат… Облеката нуди бесконечни можности да бидете кои сакате и да се појавите онака како што сакате, без било какви ограничувања или забрани“, велат од брендот.

Текстот (Галерија) Иги Поп се расоблече за новата кампања на „Гучи“ е превземен од Reporter.mk.