(Галерија) Кајли Џенер го покажа својот плакар за чанти

Според „Форбс“, Кајли Џенер е на прагот да стане најмладата личност која сама стекнала богатство од милијарда долари и сето тоа е резултат на големиот успех што го постигна нејзината компанија Kylie Cosmetics.

Во време кога постигнува големи финансиски успеси, 21-годишната ѕвезда од шоуто Keeping Up with the Kardashians го отвори својот плакар со чанти. Кајли објави видео од својот плакар во кој се сместени десетици чанти од врвни брендови.

Покрај многуте вртоглаво скапи Hermes чанти од моделот Birkin, таа покажува и чанти од Louis Vuitton, Supreme и Judith Leiber.

Текстот (Галерија) Кајли Џенер го покажа својот плакар за чанти е превземен од Reporter.mk.