(Галерија) Кајли Џенер како секси кралица

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер се сликаше како кралица за нејзиниот нов календар за 2019 година. Календарот е веќе во продажба на нејзината веб-продавница и чини 15 долари или помалку, зависно од големината.

Сликите за календарот на Кајли ги направи популарниот фотограф Грег Свејлс. Тој и Џенер избраа 12 различни фотрографии, за секој месец по една. На сите слики таа е со различен стајлинг, а е нашминкана со шминки што ги промовираат нејзините сестри. На повеќето слики Кајли е со круна и порака: „Јас сум кралица“.

Текстот (Галерија) Кајли Џенер како секси кралица е превземен од Reporter.mk.