(Галерија) Кристина Димитријевска е најубава жена на Балканот

Македонската манекенка Кристина  Димитријевска (23) од Тетово е најубава жена на Балканот. Таа вчера победи на официјалниот избор за Мис на Балканот за 2019 та година кој се одржа во хотелот „Амбасадор“ во Белград.

“Кристина победи во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна  титула и на некој начин ја потврди титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои уште на свои 17 години“, ни изјавија од Модното Студио Црнокрак, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина и преку кои Кристина настапи во Белград.

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а втора придружничка е преставничката од Црна Гора. Круната на Кристина и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.

 

Текстот (Галерија) Кристина Димитријевска е најубава жена на Балканот е превземен од Reporter.mk.