(Галерија) Лила го покажа домот

Популарната водителка Лила Филиповска на својот инстаграм-профил честопати објавува фотографии и видеа од својот дом во Чаир. Таа со своите следбеници споделува слики за тоа како ги поминува викендите, ама и како се одмора, или кога ќе се дотера пред излегување од дома, па на нив може да се види како го уредила домот.

Во домот на Лила има многу детали: семејни фотографии, слики на ѕидовите, свеќници, книги… На масата во дневната соба речиси на секоја слика има вазна со свежо цвеќе. Ентериеристите го опишуваат домот на Лила како минималистички оти не е пренатрупан со мебел, а нема ни големи килими што целосно ги покриваат паркетите. Во станот доминираат белата и црната боја, а има и парчиња мебел во црвена боја и во боја на махагонија.