(Галерија) Ману Чао изненади стотици луѓе со концерт на границата меѓу Италија, Австрија и Словенија

Стотици луѓе од фестивалот No Borders Music Festival тргнаа нагоре да ја качуваат планината Канин по патеки, потоа се возеа и со жичници, за конечно да стигнат на прекрасна локација на границата меѓу Италија, Австрија и Словенија. Таму ги чекаше изненадување – Ману Чао.

Мистериозниот концерт се случи околу 14 часот оти љубителите не знаеа дека тој ги  чека на сцената. Тие возбудени со громогласен аплауз го поздравија популарниот музичар, кој, пак, им приреди свирка од над два часа, заедно со аргентинскиот гитарист Лучијано Фалико.

Ова не е првпат на Ману Чао да се појави „од никаде“ на настан. Пријател е со „Пасворд продукција“, па лани летото изненади на „Д фестивал“ во Дојран, одржувајќи соло свирка, надвор од предвидената програма. Потоа фестивалот „Таксират“ ги изненади фановите со негов нов бесплатен концерт под името „Ел Шапулин“ во Скопје, најавувајќи го 24 часа пред одржувањето.

Текстот (Галерија) Ману Чао изненади стотици луѓе со концерт на границата меѓу Италија, Австрија и Словенија е превземен од Reporter.mk.