Македонскиот музичар Дуке Бојаџиев со сопругата Флора и синовите Теодор и Леон, е на патување во Париз. Познатиот композитор и продуцент објави неколку семејни слики направени покрај реката Сена и на француски напиша „Париз, те сакам“. Дуке не крие дека главниот град на Франција му е еден од омилените. Тој и лани со сопругата беше во Париз, па и тогаш споделуваше фотографии на „Инстаграм“, а слика ог градот објави и по пожарот во катедралата Нотер Дам.
Одморот на Дуке во Париз е само неколку дена откако тој одржа одличен концерт на Антички во Охрид, во рамките на Охридски лето. Тогаш Бојаџиев јавно побара од надлежните да го спасат градот од уништување, а додека на Долни сарај гореа илјадници свеќи, тој ја свиреше композицијата „Охрид“.
Текстот (Галерија) По концертот на Антички, Дуке Бојаџиев со семејството во Париз е превземен од Reporter.mk.