(Галерија) По концертот на Антички, Дуке Бојаџиев со семејството во Париз

Македонскиот музичар Дуке Бојаџиев со сопругата Флора и синовите Теодор и Леон, е на патување во Париз. Познатиот композитор и продуцент објави неколку семејни слики направени покрај реката Сена и на француски напиша „Париз, те сакам“. Дуке не крие дека главниот град на Франција му е еден од омилените. Тој и лани со сопругата беше во Париз, па и тогаш споделуваше фотографии на „Инстаграм“, а слика ог градот објави и по пожарот во катедралата Нотер Дам.

Одморот на Дуке во Париз е само неколку дена откако тој одржа одличен концерт на Антички во Охрид, во рамките на Охридски лето. Тогаш Бојаџиев јавно побара од надлежните да го спасат градот од уништување, а додека на Долни сарај гореа илјадници свеќи, тој ја свиреше композицијата „Охрид“.

На концертот на Дуке гореа илјада свеќи за спас на Охрид

Текстот (Галерија) По концертот на Антички, Дуке Бојаџиев со семејството во Париз е превземен од Reporter.mk.