(Галерија) Поранешната жена на Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на „Мис глоуб 2019“

Кристина Димитриевска, поранешната жена на пејачот Даниел Кајмакоски, ќе ја претставува Македонија на изборот „Мис Глоуб 2019“. Кристина е една од 60-те девојки од целиот свет што учествуваат на изборот. 23-годишната манекенка неодамна го смени имиџот, ја бојоса косата руса, па откако замина на натпреварот, постојано споделува фотографии од дружбите со останатите девојки, а објави и неколку слики од подготовките за „Мис глоуб“.

Светски познатиот избор за убавина ќе се одржи на 21 октомври во Улцињ, а на него ќе пее и македонскиот пејач Даниел Данн.

Инаку не е првпат Кристина да се натпреварува на меѓународен избор за убавина. Во 2014 година, таа победи на изборот за „Новогодишна убавица на Балканот“.

За потсетување, Кристина и Даниел беа во брак три години. Тие објавија дека се разведуваат во мај годинава. Двојката го има синот Давид. По веста за разводот, Даниел се врати да живее во Србија и во моментов се натпреварува во шоуто „Твоето лице звучи познато“. Кристина, пак, откри дека ќе продолжи да се занимава со манекенство, но и дека сака да пее, па неодамна ја сними својата прва песна „Сакам пак“.

Текстот (Галерија) Поранешната жена на Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на „Мис глоуб 2019“ е превземен од Reporter.mk.