(Галерија) Секси и во црно, пејачките го вратија сјајот на „Мел-фест“

Дел од поп и фолк естрадата, вчеравечер се собра на фестивалот „Мел-фест“ во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Пејачите со својот настап и песни решија повторно да му го вратат сјајот на некогаш популарниот интернационален фестивал.

Елена Велевска

Во секси и модерна гардероба, претежно во црно, македонските пејачки и овој пат не потфрлија со стилот на облекување. Елена Петреска, Наташа Малинкова и Елена Велевска, Андријана Јаневска, Симона Попоска, Игор Узунов, Маријан Стојаноски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска беа само дел изведувачите на „Мел-Фест“. Водителка беше Лила Филиповска.

По фестивалот, односно неговата гала-вечер, имаше изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел-фест“ и забава за пејачите на која пееше Виктор Апостоловски.

Елена Петреска и Лила Филиповска

Наташа Малинкова

Наталија Славева со Елена Петреска

Игор Узунов дел од пејачите

Лила беше водителка на фестивалот

Текстот (Галерија) Секси и во црно, пејачките го вратија сјајот на „Мел-фест“ е превземен од Reporter.mk.