(Галерија) Сузе направи џумбуш, вечерва ја мажи ќерка си Теона

Вечерва се мажи Теона, ќерката на музичката дива Сузана Спасовска. Свадбата на Теона со долгогодишното момче Виктор Велковски е во ресторанот „Везилка“. Сузе е највесела од сите – таа запеа и направи вистински џумбуш на свадбата, ни раскажаа нејзини блиски пријатели. И додека Сузе пееше, сите гости играа и се веселеа. Свадбата на Теона и Виктор почна со неколку македонски адети, па младоженецот и неговите пријатели ја туркаа вратата за да ја земат невестата од дома.

Теона за свадбата избра широк фустан со длабоко деколте, со долг вел и круна на главата, а Виктор носеше црн елегантен костум.

За потсетување, минатиот викенд Теона направи голема моминска забава со сите нејзини другарки. Таа и Виктор се верија во јануари годинава, откако Виктор ја побара за жена на нејзиниот роденден. По веридбата, Сузе за „Репортер“ раскажа дека Теона ќе се мажи од љубов и дека таа е среќна за изборот на нејзината ќерка.

„Јас верувам во љубовта и сметам дека таа е најголемиот двигател на се во светот, а така и  јас ја воспитував ќерка ми.  Мене како горда мајка ми останува да им поскам да се среќни и вечни, да се љубат да имаат дечиња кои ќе им ја радуваат куќата, а и нас најблиските“, ни откри тогаш пејачката.

Текстот (Галерија) Сузе направи џумбуш, вечерва ја мажи ќерка си Теона е превземен од Reporter.mk.