(Галерија) Турунџиева ја омажи ќерка си

Вчера се омажи ќерката на Сузана Турунџиева, Лора (18), со своето момче Филип (22). Свадбата била мала, и на неа присуствувале најблиските роднини и пријатели на младенците, во ресторан во населбата Автокоманда.

За свадбата Лора избра раскошна венчаница, со тул и длабоко деколте, а Филип беше облечен во елегантен црн костум. Турунџиева носеше бел сатенски фустан што ја следи линијата на телото. И помалата ќерка на Сузана, Матеа, беше облечена како невеста.

Највесели на свадбата, освен младенците, беа Сузана и Матеа. Гостите ги забавуваше Сефедин Бајрамов, кого Турунџиева го нарече „најседефниот глас на овие простори.“

Лора и Филип се свршија пред неполн месец, а радосната вест Турунџиева и јавно ја сподели.

„Двајцата се многу едноставни и не бараат невозможни нешта. Знаат што сакаат, и патем, многу се сакаат“, рече неодамна Турунџиева за „Репортер“ и додаде дека кога би имала син, би сакала тој да е како Филип.

Текстот (Галерија) Турунџиева ја омажи ќерка си е превземен од Reporter.mk.