(Галерија) Ветрот ѝ го подигна фустанот на Кејт Мидлтон

Силниот ветер ѝ направи проблеми на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, за време на нејзината посетата во детска болница во Лондон.

Таа се појави во краток фустан и мораше постојано да внимава откако излезе од автомобилот. И покрај препораката на кралицата да носи фустани кои се потешки од еден килограм, Кејт и овој пат не ги испочитува кралските правила. Таа се определила за комплет кој не е дело на британски дизајнер.

Мидлтон се појави во комплет од модната куќа „Долче и Габана“. За време на средбата со децата најмногу внимание предизвика Лук, едно од децата кои престојуваат во болницата, заедно со неговата сестра Савана. Тие на Мидлтон ѝ подарија венец, кој војвотката вети дека ќе ѝ го подари на нејзината ќерка Шарлот.

Текстот (Галерија) Ветрот ѝ го подигна фустанот на Кејт Мидлтон е превземен од Reporter.mk.