(Галерија) „Војна на ѕвездите“ ја имаше последната премиера

По 42 години снимање, во Холивуд се прикажа The Rise of the Skywalker, деветтиот и последен продолжеток од познататиот научнофантастичен сериjал „Војна на Ѕвездите“. Компанијата „Дизни“ во понеделникот го затвори целиот блок во центарот на Холивуд каде се прикажа долгоочекуваната филмска премиера.

Од утре филмот ќе почне да се прикажува низ кината во светот. Приказната почна пред 42 години во 1977 година. Режисерот Џорџ Лукас ја запозна публиката со младиот херој Лук Скајвокер. Лукас го воодушеви светот со металните роботи наречени дроиди, влакнестиот воин Воки и многу други легендарни ликови.

Меѓу гостите на премиерата беа и познатите филмски актери Дејзи Ридли и Марк Хамил. Актерот Харисон Форд, чиј лик Хан Соло почина во седмиот филм „Силата се буди“, исто се приклучи на премиерата. Се појави и Адам Драјвер, кој го отелотвори витезот на Темната страна, Кило Рен.

Од познатите кои не беа вклучени во филмот беа режисерите Стивен Спилберг, Спајк Ли и актерката Франсис Мекдорманд. Тепихот место стандардната црвена боја, беше син како небото. Со филмот „The Rise of the Skywalker“ заврши филмската франшиза која заработи 9,2 милијарди долари во благајните за повеќе од 40 години.

„Дизни“ има намера да ја искористи оваа тема и да заработи одлично со оживување на нова „sвездена“ серија во која ќе има нови ликови.

Текстот (Галерија) „Војна на ѕвездите“ ја имаше последната премиера е превземен од Reporter.mk.