(Галерија) Збогум Влатко

Речиси целата музичка естрада денес дојде на градските гробишта во Ѓорче Петров да го испрати поп-пејачот Влатко Илиевски во неговиот вечен дом. Освен семејството, неговите музички колеги, тука беа и голем број фанови, блиски пријатели, роднини. Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко. Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитјан, Дани Димитровски, Џина Папас Џокси, Стефан и Мартин од Некст тајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска беа само дел од оние кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.

Влатко Илиевски завчера беше пронајден мртов околу 23 часот, по анонимниот повик во полиција, во неговиот автомобил Тојота на улицата Трета македонска бригада.

Подготви: редакција „Репортер“