Гавазова им одржа лекција на поп-пејачките

Фолк-пејачката Сузана Гавазова повторно го сврте вниманието на јавноста. Овој пат, новата професионална фотосесија, во која е провокативна и секси.

Фотографиите се најава за нејзините новитети во музичка кариера. Во план е пајечката наскоро да снима и со еден од најпознатите режисери во регионот, Харис Дубица.

Откако излегоа новите фотографии, на социјалните мрежи пишуваат  дека само фолк пејачките кај нас, знаат да напрват фотосесија, секогаш кога најавуваат нови проекти. Ретко која од поп-пејачкте кај нас се нафаќа да го следит теркот на светските ѕвезди.

Освен Гавазова, и фолк пејачката Велевска, е една од оние кои секогаш прави фотосесија кога најавува нов музички проекти.

Гавазова летово го мина во Грција и Црна Гора од каде постојано споделуваше слики на социјалните мрежи.

 

Текстот Гавазова им одржа лекција на поп-пејачките е превземен од Reporter.mk.