„Ги сакам жените, ама не можам да ги трпам повеќе од два часа“, искрено со Игор Џамбазов

Игор Џамбазов и во четвртата сезона на „Преспав“ ќе ја засмејува публиката со ликот на Миле Бузалевски, најстариот од тројцата браќа од популарниот пансион. Вели дека со Миле одамна се нашле, „што по консумирањето, што по внесување различни малигани во крвта“.

Но, открива актерот, дека, сепак, го изневерил Миле и оти сега за Нова година ќе се точно две години како тој веќе не пие алкохол. „Сфатив дека алкохолот е за луѓе, а не за говеда, нешто што уште пред 25 години го напишав во мојата книга“, додава Игор, кој ни раскажа и за тоа како се чувствувал кога ја добил улогата на Миле, која претходно ја играше неговиот колега Владо Јовановски.

„Јас имав една неблагодарна работа, а тоа е да заменам колега, кој ја играше улогата одлично. Јас знам како е да те сменат во улога, и во театар, а камоли во серија. Бев изненаден кога се јавија, но морам да признаам дека јас бев и фан на серијата. И да бидам искрен, не си дозволив да си поиграм со ликот на Миле“, искрен е Џамбазов.

Освен што ни откри дека новата песна „И племето и семето“ никој на ја пуштил на телевизија, но и дека е главна „инфлуенсерка“ на Инстаграм, се потсетивме на сите оние работи кои за него одамна се знаат, а тој си ги напиша во книгите… За тоа како Трифун Костовски од Виена го вратил во Скопје, за неговите исчезнувања, за проблемите… Приказната со него нема крај. Но и за тоа дали има жена во неговиот живот, зошто се врати во театарот, колку хејтери има, за родителите, детството, колку неговите книги им помогнаа на децата кои тргнале по лош пат… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Текстот „Ги сакам жените, ама не можам да ги трпам повеќе од два часа“, искрено со Игор Џамбазов е превземен од Reporter.mk.