Гигс спиел со сопругата на брат му, приказната за неверството на познатиот фудбалер

Познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, осум години бил во тајна врска со Наташа, сопругата на неговиот брат Родриј. Двајцата се запознале во ноќен клуб во Манчестер, додека сопругата на Гигс, Стејси во тоа време била трудна. По два месеци врска со Гигс, Наташа го запознала и Родриј со кого подоцна се омажила.

Наташа признала дека направила абортус на детето кое го добила со Гигс. Во цела Британија се крена прашина околу неверството на Рајан Гигс. Фудбалерот отсекогаш важел за семеен човек, а Наташа го обвинила дека тој манипулирал со неа. По кратко време таа ја прекинала врската и со неговиот брат.

Оваа афера предизвика големи турбуленции во семејството на Гигс. Некои го поддржале него, а некои застанале на страната на Родри. Нивниот татко Дени Вилсон, исто така познат спортист во Британија, бил погоден од постапките на Гигс и одлучил да се одрече од него.

„Тој за мене веќе не постои“, кратко коментирал Вилсон.

„За добар тренер најважна е довербата. Не гледам сега како фудбалерите можат да му веруваат на Рајан, по сето тоа што му го направи на родениот брат. Спиеше со неговата жена осум години“, изјавил Вилсон.

Рајан Гигс, по откривањето на аферата се разведе од неговата сопруга Стејси. Сегашниот селектор на Велс сега излегува со Хелен Стелинг Холт, девојка која ја запознал на Олд Трафорд, каде таа редовно пушта музика на настаните, пишува „Дејли Мејл“. За нивната врска почна да се пишува на големо во септември, за време на венчавката меѓу Рио Фердинанд и Кејт Врајт.

 

„Гигс за Хелен вели дека е прекрасна девојка која се занимава со фитнес. Како и него и таа редовно вежба“, вели извор близок до двојката.

 

 

Текстот Гигс спиел со сопругата на брат му, приказната за неверството на познатиот фудбалер е превземен од Reporter.mk.