Ѓорѓе Давид бил во Македонија две недели пред да дознае дека има корона

Членот  стручно жири во регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и познат рокер  Ѓорѓе Давид  деновиве е хоспитализиран во клиника каде се лечи од коронатвирусот. Тој вано кажа дека е заразен и дека дека станал очаен откако дознал. Во борбата против коронавирусот поддршка му пружија сите колегите и натпреварувачи во шоуто, кој преку пораки на социјалните мрежи му посакаа побрзо оздравување. Но, две недели пред да ги почувствува првите симптоми и да побара медицинска помош, Ѓорѓе Давид бил во Македонија.

Тој имал повеќе работни состаноци во Скопје на 12 март, а попладнето замина во Охрид бидејќи бил  договорен да работат со Александар Јосифовски за следниот круг на шоуто, додека следниот ден, на 13 март требаше да снима гостување во Канал 5 телевизија кај Ване Маркоски. Но плановите се смениле дента, па не гостувал во емисијата.

Ѓорѓе Давид пак во интревју вели : „Свесен за фактот дека од јануари кашлам периодично и многу сериозно, направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа. А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав, кој и да ми пријдеше во Ниш се фотографирав, исто така во Врање не размислувајќи дека тоа може да се случи“,

 

Текстот Ѓорѓе Давид бил во Македонија две недели пред да дознае дека има корона е превземен од Reporter.mk.